Search

Масовна тепачка на прослава за Митровден во црква во Баница

Масовна тепачка се случила во црквата „Св. Димитрија“ во село Баница, Струмичко.

Според информациите на МВР, вчера во 12 часот во полиција било пријавено дека во дворот на црквата „Св. Димитрија“ во село Баница, Струмичко, за време на прослава по повод верскиот празник Митровден, дошло до тепачка помеѓу лицата Д.М.(31) и Т.М. од село Баница од една страна и Н.С. и Ѓ.Т. од друга страна, по што се приклучиле и други лица.

Притоа, со тешки телесни повреди се здобил Д.М., кој по укажаната помош во Медицинскиот центар Струмица бил препратен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Со телесни повреди се здобиле Т.М. и П.А.(28),. Увид на местото извршила екипа од СВР Струмица и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави