Тодоров на Фејсбук: Да запрат заканите кон оние кои не мислат како раководството на ВМРО-ДПМНЕ

Тодоров на фејсбук: Да запрат заканите кон оние кои не мислат како раководството на ВМРО-ДПМНЕ

Поранешниот висок партиски функционер и министер за здравство, Никола Тодоров, кој неодамна раководството на ВМРО-ДПМНЕ го исклучи од партијата, се сретна со еврокомесарот Јоханес Хан на маргините на самитот на Европската народна партија, кадешто се наоѓа и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Тодоров на неговиот профил на „Фејсбук“ објави фотографии од средбата со Хан и напиша дека двајцата разговарале за евро-перспективите на Македонија и ВМРО-ДПМНЕ, како и за заканите кон оние кои мислат поинаку од актуелното партиско раководтство.

„Од двете страни беше изразена силна поддршка за евро-интегративните процеси на Македонија и потребата од имплементација на реформите неопходни за интеграција на Македонија во ЕУ. Беше истакната и неопходноста од демократизација преку измена на статутот на партијата со цел ВМРО-ДПМНЕ да продолжи да дејствува како европска, модерна центар-десна партија“, напиша Тодоров.

Тој додаде дека од страна на Хан било потенцирано дека заканите и притисоците мора да запрат и била изразена јасна поддршка за одлучните и храбри чекори кои се во правец на интеграцијата на Македонија во Европската Унија.

На Конгресот на ЕПП покрај претседателот Христијан Мицкоски, потпретседателот Александар Николоски, секретарот за меѓународна политика Влатко Ѓорчев и советникот за меѓународна политика Тимчо Муцунски, за првпат беше поканета и втора партиска делегација, односно членовите кои ВМРО-ДПМНЕ ги исклучи од партиските функци. Поканети биле разрешниот заменик-генерален секретар Петар Богојески и разрешениот член на Извршниот Комитет, Костадин Богданов, како и разрешениот потпретседател на партијата Митко Јанчев и Никола Тодоров.

Јанчев и Богданов останаа во Скопје, додека за Хелсинки заминаа Богојески и Тодоров.

И лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вчера оствари средба со Хан, по којашто еврокомесарот на неговиот профил на „Твитер“ напиша дека бил кристално јасен оти договорот од Преспа мора да се финализира.

Треба да знаете
Последни објави