Search

ВМРО-ДПМНЕ: Министерството за здравство како да се води по максимата – кој има пари, ќе преживее

ВМРО-ДПМНЕ: Министерството за здравство како да се води по максимата – кој има пари, ќе преживее

СДСМ е партија која парите во здравството наместо за реновирање на болници, градење на нови или набавка на опрема, ги троши за богатење на нивни блиски луѓе, велат во соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Од опозициската партија наведуваат дека СДСМ и министерот за здравство Венко Филипче, функционираат и размислуваат по принципите на, како што велат, единствениот политичар аболициран за тежок криминал, Зоран Заев.

„Венко Филипче, најави префрлање на Детската кардиохирургија во Жан Митрев клиниката како јавно-приватно партнерство. Сега најави и здравствените услуги како ин витро оплодување, Итната помош и други дејности да преминат во приватното здравство или како што Филипче го нарекува јавно-приватно партнерство“, стои во партиското соопштение.

Оттаму прашуваат дали со овој чекор министерот за здравство сака да најави дека освен префрлување на здравствени дејности во приватен сектор каде услугите ќе бидат покриени од Фондот за здравствено осигурување, ќе има и приватизации.

„Дали министерот се води по максимата кој има пари ќе преживее“, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ од каде додаваат дека СДСМ била и останува канцер во македонското здравство.

Треба да знаете
Последни објави