Search

Албанските Грци ја бараат „вистината за убиството на Кацифас”

Лидерот на партијата на грчкото малцинство во Албанија, Партијата за заштита на човековите права, Вангел  Дуле, изјави дека вистината за убиството на албанскиот Грк, Константинос Кацифас мора да излезе на виделина.

„Денеска сме во Буларат да оддадеме последна почит, а моментите на испраќање до вечното почивалиште се света работа. Тука сме да искажеме длабоко сочувство со семејството Кацифас, но и одлучност дека вистината мора да се расветли до крај. Транспаретноста на ова прашање, неговото разветлување е од големо значење. Вистината може да задоцни, но нема да се загуби, изјави Дуле на погребот на 35-годишниот Кацифас“.

На погребот на Кацифас, кој беше убиен во престрелка со албанската полиција на 28 октомври, освен жители на селото Буларат, како и други населени места од јужниот дел на Албанија каде главно живее грчкото малцинство, присуствуваат и голем број Грци, меѓу кои и грчкиот пратеник од Нова демократија, Савас Анастадиас.

Присутните Грци, според албанските медиуми, носеле грчко знаме и парола на која пишува „Константинос живее, ти не предводиш” и ја пееле грчката химна.

Телевизијата Ора њуз наведува дека семејството на убиениот не дозволува пристап на албанските новинарски екипи до нивниот дом, зашто „ги признаваат единствено грчките медиуми”.

На погребот присуствува и Спиро Ксера, поранешен албански министер, припадник на грчкото малцинство.

Поради можноста од евентулани инциденти, за време на погребот на убиениот Коцифас, албанската полиција усвои посебен план во кој се вклучени голем број припадници на разни сектори на албанската полиција.

Треба да знаете
Последни објави