Трудо се извини поради одбивањето на бродот со Евреи

Канадскиот премиер Џастин Трудо формално се извини во име на својата земја поради тоа што во 1939 година одби да прими брод со Евреи кои побегнаа од нацистичка Германија.

Бродот „Сент Луис” превезуваше 907 германски Евреи, но Канада, Куба и САД не им дозволија влез во нивните пристаништа.

Патниците беа принудени да се вратат во Европа, а над 250 од нив подоцна беа убиени во Холокаустот.

Трудо изјави дека извинувањето требало да биде многу порано.

Хитлер набљудуваше додека ние им ги одбивавме визите, ги игнориравме нивните писма и им ускратувавме прием, истакна Трудо во Парламентот. Тој додаде дека нема сомнеж оти „нашиот молк им овозможи на нацистите да го остварат своето ‘конечно решение’ на така наречениот еврејски проблем”.

– Ние дозволивме антисемитизмот да земе замав во нашите заединици и да стане наша официјална политика. Таквата омраза и рамнодушност кон бегалците значеше да се подели моралната одговорност за нивната смрт, посочи Трудо.

Треба да знаете
Последни објави