Search

Флорида го врати правото на глас на поранешните затвореници

Милион и половина поранешни американски затвореници кои ги отслужиле казните повторно добија право на глас на Флорида, откако гласчите одобрија промена на законот, кој особено ги засегаше Афроамериканците кои преовладуваат во затворскиот систем.

Освен за членови на Конгресот и Сенатот, жителите на Флорида се изјаснуваат и за амандманот 4, со кој автоматски им се враќа правото на глас на лицата кои отслужиле затворска казна, а не извршиле сексуално злосторство или убиство. Измените на законот ги одобрија 64,38 отсто од гласачите.

Досега тие лица мораа да чекаат најмалку 5 години откако ја отслужиле казната за да можат да побараат да им се врати правото на глас, пренесува Хина.

Флорида е американска сојузна држава во која има најголема популација на возрасни луѓе на кои им се одземени правата поради политика стара 150 години, а од која најмногу се погодени Афроамериканците и Хиспаноамериканците. Поради тој, отсега неважечки закон, секој петти Афроамериканец на Флорида немаше право на глас.

Треба да знаете
Последни објави