Search

Уапсен педофилот што со велосипед напаѓал во Бутел

Полицијата вечерва го  уапсила манијакот кој пред неколку дена вознемирувал девојчиња и жени во скопската населба Бутел, неофицијално дознава 24 Инфо.

Од МВР вечерва не можеа да ја потврдат информацијата.

Како што претходно пишуваше 24 Инфо, педофилот на велосипед во четвртокот вознемирувал деца во близина на основно училиште во Бутел.

Според очевидци, педофилот сред бел ден пред ОУ„Живко Брајковски“ им зборувал вулгарности на девојчињата, а некои и ги фаќал за задниците. Манијакот истото го правел и пред продавница во близина, но веднаш се оддалечувал со велосипедот.

Педофилот бил снимен на безбедносните камери на околните објекти, а од снимките може да се забележи дека станува збор за помладо лице.

Треба да знаете
Последни објави