Search

Товарно возило удри пешак во Делчево

Денес претпладне товарно возило удри во пешак кој поминувал улица во центарот на Делчево. Според информациите на Марија Глигорова, директор на Здраствениот дом Делчево, на пешакот неколку минути по повредата му е укажана помош од страна на Итната медицинска помош.

– Кај повредениот е констатиран удар во пределот на главата при што веднаш му е дадена соодветна терапија и лицето со возило е префрлено во Клиничка болница Штип, рече Глигоровска.

Повредениот е на возраст од над 60 години, додека според очевидци возачот бил на возраст од околу 30 години.

На местото на настанот излегла и екипа на Полициското одделение од општа надлежност – Делчево кои детали за случајот најавија во текот на денешниот ден.

Треба да знаете
Последни објави