Search

Постигнат договор за раздвојување на Грчката православна црква од државата

Грчката Влада и Грчката православна црква вчера постигна условен договор околу 10.000 свештеници и помошен персонал да се отстранат од платениот список на Владата, со што се отвора патот кон јасна поделба помеѓу црквата и државата.

Договорот е постигнат помеѓу грчкиот премиер Алексис Ципрас и архепископот Јеронимос. Договорот предвидува државата да исплаќа субвенции н апосебен црковен фонд за исплата на плати за свештениците.

Со договорот опфатно е и решение за повежедеценискиот спор околу имотот на грчката држава и Грчката православна црква, која е еден од најголемите сопственици на недвижнини во земјата.

Според досегашниот систем, платите на свештениците се исплаќаат дирекно од државниот буџет, како и вработените во јавниот сектор, а за платите на свештениците се издвојуваат околу 200 милиони евра годишно.

Договорот постигнат помеѓу Ципрас и архиепископот Јеронимос треба да биде усвоен на седница на Влада, во Парламентот и од страна на црквата.

Здружението на грчки свештеници веќе најави дека ќе се спротистави на секој обид за укинување на статусот државни службеници.

Грчката православна црква со векови има водечка улога во државата, а според Устав, православието е официјална религија во Грција.

Треба да знаете
Последни објави