Search

Очекувана победа на „Валенсија“, триумф на „Рома“ во Москва

Фудбалерите на „Валенсија“ забележа очекувана победа на домашен терен од 3:1 против „Јанг Бојс“ во натпревар од четвртата рунда од групата „Х” од Лигата на шампионите.

Санти Мина постигна два гола за „лилјаците”, а Солер додаде еден, додека за гостите реализираше Асале. Швајцарците остана со човек помалку во 77 минута.
„Валенсија“ со освоените три бода го става под сериозен притисок „Манчестер Јунајтед“ , кој вечерва игра со лидерот „Јувентус“. „Црвените Ѓаволи” заостануваат еден бод од „Валенсија“, а во последниот круг ќе гостуваат на „Местаља”.
„Рома“, пак, оствари гостинска победа кај ЦСКА во Москва во натпревар од групата „Г”.
Манолас им донесе предност на Италијанците, но ЦСКА изедначи преку Сигурдсон во 50 минута. Само шест минути подоцна, Магнусон беше испратен во соблекувалната поради вториот жолт картон и ЦСКА остана со играч помалку.
Три минути подоцна, Пелегрини го постигна конечниот резултат од 2:1, со кој „волците” имаат три бода пред „Реал“ пред натпреварот на „кралевите” со „Викторија Плзен“.
Треба да знаете
Последни објави