Search

Малата Сара стигна на клиниката во Германија, родителите благодарни за донациите

Малата Сара стигна на клиниката во Германија, родителите благодарни за донациите

Семејството на малата Сара од Охрид ја извести јавноста дека тие се наоѓаат на клиниката во Германија, каде им е овозможено авансно плаќање на дел од сумата, што е потребна за лекувањето.

„По консултативен разговор со нив, договорено е во текот на оваа недела да се започне со почетни испитувања кои претходат на лекувањето, а ги опфаќаат двете деца. Бидејќи сите вие хумани луѓе станавте дел од нас и од нашето семејство, Ве молиме од срце помолете се кон Бога да биде успешно лекувањето на Сара од нејзиното помало братче Виктор како донор“, се вели во писмото на семејството Настески.

Сара боледува од болест што ја напаѓа коскената срж и не дозволува правилна регенерација на крвта во организмот, па неопходна е трансплантацијата на коскената срж. Нејзините родители претходно кажаа дека болеста била утврдена во август, а нивниот 13-годишен син е единствен сроден донатор на коскена срцевина за неа. За Сара беа отворени телефонски линии за донации, а минатиот месец се случуваа и повеќе настани од хуманитарен карактер.

Треба да знаете
Последни објави