Search

Египет: Пронајдени записи стари 4.000 години

Археолози во Каиро пронајдоа делови од камени плочи на кои има записи стари до 4.000 години. Станува збор за древни предмети пронајдени во областа ал Матарија, во источниот дел на Каиро.

Научник од Универзитетот во Лајпциг, водач на истражувањето, изјави дека еден од записите укажува на Атум, бог кој често се споменува во древниот Египет како одговорен за поплавата на Нил во периодот од 664-332 пред Христос.

Во последно време Египет често објавува археолошки откритија во надеж дека ќе ги поттикне туристите повторно да доаѓаат во земјата, по политичката нестабилност во 2011 година.

Претходно, научниците пронајдоа мумија во Египет од античка свештеничка, 3.000 години подоцна на кожата се видливи 30 тетоважи. Станува збор за мумија на млада жена која починала на возраст меѓу 25 до 34 години. Мумијата има 30 уникатни тетоважи на различни делови од телото, вклучувајќи на вратот, грбот, рамената и рацете. Тетоважите се лотус цветови, бикови, животни што укажува дека жената имала важен религиозен статус во текот на нејзиниот живот.

 

Треба да знаете
Последни објави