Search

Времето денеска сончево со мала до умерена облачност

Времето денеска во земјава ќе биде сончево со мала до умерен облачност.

Попладне облачноста ќе се зголемува, особено во западните и јужните делови, каде кон крајот на денот ќе има и локални врнежи од дожд Ќе дува и слаб до умерен југоисточен ветер. Максималната температурата ќе биде во интервал од 16 до 21 степен.

Времето и во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне облачноста ќе се зголемува, а исто така како и во останатите делови од земјата и во главниот град ќе дува слаб до умерен претежно југоисточен ветер. Температурата во Скопје ќе достигне 19 степени.

И утре ќе има зголемена облачност, а во јужните и југозападните делови ќе има и локални врнежи од дожд, особено претпладне. Потоа во наредните неколку дена продолжува периодот на стабилно време со појава на утринска магла по котлините, а дневната температура ќе биде малку над просекот за овој период од годината.

Треба да знаете
Последни објави