Хуманитарен базар во основно училиште во Карпош

Хуманитарен базар во основно училиште во Карпош

Основното училиште „Христијан Тодоровски Карпош” по повод Денот на општината, како дел од низата активности, денеска од 15 до 18 часот организира хуманитарен базар.

На хуманитарниот базар што ќе се одржи во просториите на училиштето, ќе учествуваат група креативни наставници (ракотворци) и занаетчии кои ќе се претстават со нивните уникатни ракотворби (филиграни, изработки од срма, производи со декупаж-техника и сл.). Ќе бидат застапени и производи од органско потекло.

Целта на базарот е оживување на веќе изумрените занаети, доближување на учениците и откривање на значењето и важноста на народното творештво, просвета и култура. Собраните средства ќе бидат наменети за уредување на училишниот двор.

Треба да знаете
Последни објави