Search

Тепачка во автобус на ЈСП

Двајца насилници нападнале патници во автобус, вчера во Скопје.

Според полицијата, инцидентот се случил околу 14 часот во автобус на ЈСП број 33.

Тогаш двајцата нападнале три лица на возраст од 17 и 15 години, како и М.Е.(44) од Скопје.

По преземени мерки за расчистување на случајот во полициска станица се повикани Б.Р. (18) и уште едно малолетно лице и против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

 

Треба да знаете
Последни објави