Search

Ниту Анри не го спаси „Монако“ од „Бриж“

Белгискиот шампион „Бриж“ пак му нансесе нов срамен пораз на „Монако“, овој пат среде „Луј Втори”. Тоа беше силен удар во Лигата на Шампионите за тимот на Тиери Анри, кој продолжува без победа во турнирот и оди кон завршување на својата европска кампања во оваа сезона.
Ванакен со два гола и Весли му донесоа преднос од 3:0 на гостинот до 24-тата минута, а Вормер само ја потврди сензационалната победат на „Бриж’ во 85-тата минута.
Со победата, белгискиот шампион презеде одлучувачки чекор кон пласман во Лигата на Европа на пролет.
Треба да знаете
Последни објави