Search

Дарко не можел да дише, итно е опериран!

Дарко не можел да дише, итно е опериран!

Пејачот Дарко Лазиќ итно е опериран синоќа заради обилно внатрешно крварење кое му го отежнувало дишењето, се дознава неофицијално.

Драмата во земунската болница, во која Лазиќ лежи веќе 12 дена после сообраќајната несреќа, која едвај ја преживеа, почнала да се случува во неделата во зори.

Лазиќ се пожалил дека не може да дише, па лекарите му ги снимиле градите и виделе злокобна сенка на левото белодоробно крило, што упатувално на заклучок дека во градите му се собира некоја течност. Семејството било информирано дека мора ведаш да се оперира.

Хирурзите му го пунктирале белодробното ткиво и ја пронашле причината за сенката која на Лазиќ му го  отежнувала дишењето. Од белите дробови извлечени му се дури два литри крв.

Здравствената состојба на Дарко сега е подобра, а лекарите будно ја следат неговата состојба. Денеска хирузите треба да одлучат дали ќе направат уште една пункција.

Дарко Лазиќ првпат е опериран два дена по судирот, на 25 октомври кога му е извадена слезината и запрено внатрешното крварење. Лазиќ утре би требало да биде подложен на операција на колкот и бутната коска, кои во несреќата претрпеле големи повреди.

Треба да знаете
Последни објави