Search

Германија бара 1,24 милиони работници, рекорден недостиг на работна сила во третиот квартал

Во Германија во третиот квартал од годинава со 1,24 милиони отворени работни места е забележан рекорден недостиг на работна сила, објави денеска Институтот за истражување на пазарот на труд (IAB).

Според IAB,  кој работи во соработка со Федералната агенција за вработување од Нирнберг, во споредба со истиот период од претходната година бројот на слободни работни места е зголемен за 140.000.

„Најголем пораст на побарувачката е забележан во областа на преработувачката индустрија роизводството, но побарувачката во секторот на услужни дејности со над 600.000 отворени работни места и понатаму е највисока, вели Александар Кубис од IAB“.

Во градежништвото фалат 108.000 работни места, а во секторот на логистика (транспорт и магацини) 87.000. Најголемиот број на слободни работни места се однесува на средно и високо образование – 60,8 отсто, по што следат лица без квалификации – 22 отсто и со високо образование – 17 отсто.

Германскиот пазар на труд со години се справува со недостаток на работна сила и поради  зголемувањето на бројот на пензионерите, што се обидува да се компензира со увоз на работна сила.

 

Треба да знаете
Последни објави