Search

Од понеделник почнува второто издание на Меѓународниот театарски фестивал „Отело”

Од понеделник почнува второто издание на Меѓународниот театарски фестивал „Отело”

Од понеделник со изведба на првата претстава ќе започне второто издание на Меѓународниот театарски фестивал „Отело” во Гостивар.

Во петте фестивалски вечери од 5 до 9 ноември во ценатрот за култура „АСНОМ” ќе бидат изведени пет театарски претстави на албански јазик.

Првата вечер, на 5 ноември, ќе се прикаже претставата „Самоубиец” на авторот Николај Ерман, во режија на Сулејман Рушити, копродукција на театарот „А. Зако Чајупи” од Корча и Националниот театар – Тирана.

Втората вечер, на 6 ноември, ќе биде изведена претставата „Оние кои бегаат” чиј автор и  режисер е Куштрим Бектеши на театарот „Беким Фехмиу” – Призрен.

За 7 ноември, закажана е претставата „Оскарот и тетка Роза” од авторот Ерик Шмит, во режија на Кицо Лондо, во изведба наТеатарот на регионот Скадар – Кукес.

 На 8 ноември, на сцената во ценатрот за култура ќе се изведе „Жени” од Роберт Томас, во режија на Ќендрим Ријани, во продукција  на Албанскиот театар-Скопје.

 Фестивалот ќе заврши на 9 ноември со претставата „Холишит” во режија на Илир Бокши, која ја подготви „ААБ Фарук Беголи” – Приштина.

Сите претстави ќе почнуваат во 19:00 часот во Центарот за култура – Гостивар.  Фестивалот ќе има натпреварувачки карактер, а стручно жири ќе додели награди за најдобар актер, најдобра актерка, најдобар режисер и најдобра претстава.

Треба да знаете
Последни објави