Search

Нов детски парк и урбан сквер за Нерези и Тафталиџе2

По повод роденденот на Општина Карпош- 3 Ноември, граѓаните од Нерези и Тафталиџе 2 денеска добија уште едно еколошко катче, детски парк и урбан сквер. Новиот парк свечено го отвори градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев заедно со заменик  министерот за  животна средина, Јани Макрадули и со заменик министерот за култура, Владо Лазовски, како и  со претседателот на Советот на Општина карпош Андреј Манолев и советниците од Карпош.

Во оваа пригода Богоев нагласи дека овој пат роденденот на локалната самоуправа се одбележува без големи прослави во скапи ресторани и носење странски пејачи, туку во урбан, граѓански дух.

„Она што го  зборував во кампањата, сакаме сега и да го реализираме,а тоа е заштита и корисистење на постојното зеленило и секако  надградување и подигнување на нови зелени површини. Тоа е она што ќе ни помогне да имаме поквалитетен и поздрав живот и да имаме почиста животна средина и почист воздух за дишење, потенцираше Богоев“.

На овој детски парк се  засадени  нови 15 дрва , нови растенија- лаванди, кои  треба сите заедно да ги зачуваме, посочи првиот човек на Општината, потенцирајќи дека поставените детски реквизити се од еколошки материјали, како и ново лед осветлување, односно штедливи светилки, со што целиот парк е во знакот на заштита на животната средина и користење на постојното зеленило.

Градоначалникот на Карпош ги наброја и сите активности кои Општината ги организираше во текот на тукушто изминатата недела по повод 42 години од постоењето, односно роденденот на  Општина Карпош.

„Организиравме хуманитарна и крводарителска акција, затоа што Карпош секогаш бил хуман и солидарен, покажавме дека концептот за зелен и чист Карпош нема алтернатива и засадивме 200 нови дрвја, со цел да се справиме со загадениот воздух се донираа прочистувачи за воздух за градинката  „Орце Николов“ во Карпош 4. Ги вклучивме во прославата и основците преку организирање на мултимедијалниот настан „Јас имам талент“, како и преку натпреварите во рамки на спортските купови по повод Денот на Општината. Го прогласивме и заслужниот граѓанин, Марин Докузовски, нашиот истакнат спортски работник и поранешен тренер на македонската кошарска репрезентација“.

Одбележувањето на роденденот на Општината беше проследен и со уметнички перформанс – цртање на урбан графит од  познатиот уметник DREADPEN како и со пригодна музика.

 

Треба да знаете
Последни објави