Search

„Ливерпул“ освои само бод на „Емирати“

„Арсенал“ и „Ливерпул“ ремизираа во дербито на 11 коло на Премиер лигата, откако мечот на „Емирати“ во Лондон заврши 1:1.

Во одличен натпревар, во кој имаше неколку стативи и еден оправдано поништен гол за „Ливерпул“, први во водство дојдоа гостите со голот на Милнер во 61 минута.

Претходно, во првото полувреме Мане постигна гол во контранапад, но Фирмино беше во недозволена позиција па голот беше поништен. Вергилиј ван Дајк излезе сам пред голманот на „Арсенал“ во 23 минута, но не успеа да го лобува и резултатот остана непроменет. Истиот играч ја погоди стативата во 45 минута со глава, а истото се случи и во 75 минута.
Добрата игра домаќините ја крунисаа во 82 минута, кога Лаказет, кој имаше неколку шанси претходно го изедначи реултатот.

Фудбалерите на „Ливерпул“ ја продолжуваат серијата без пораз во Премиер лигата и сега имаат осум победи и три нерешени, па 27 бода се на првото место на табелата, каде што ќе останат барем до утре до натпреварот меѓу „Манчестер Сити“ и „Саутемтон“.

„Арсенал“ има седум победи и по два пораза и ремија и со 23 бода е на четвртото место.

Треба да знаете
Последни објави