Search

Запленети 80 килограми марихуана, шверцерот на велосипед ја дилал дрогата

Полицијата запленила околу 80 килограми марихуана од штипјанец, кој со велосипед разнесувал помали количини од дрогата. Шверцерот бил уапсен завера на регионалниот пат Штип- Плачковица, кај  село Стар Караорман.

Според Гордана Панајотова, портпарол на СВР Штип, полициски службеници го запреле Б.С.(40), кој се движел со велосипед и при извршениот преглед кај него се пронајдени се две најлонски кеси во кои имало марихуана со вкупна тежина од околу 3 килограми, како и осум рачно изработени цигари.

„На 02.11.2018 година извршен е претрес со судска наредба во домот и помошни простории на ул. Сремски Фронт во Штип каде Б.С. живее и пронајдени се повеќе најлонски вреќи со марихуанаа во вкупна тежина од околу 74 килограми и други предмети кои се фото и видео документирани и подигнати за вештачење. Четириесетгодишниот Б.С.  е лишен од слобода и против него е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ казниво по чл.215 ст.1 од КЗ на РМ. Од страна на судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена, соопшти Панајотова.“

 

Треба да знаете
Последни објави