Search

Сараево: Истрага за убиството на двајцата полицајци се уште без резултати, побарана е помош од ФБИ

Сараево: Истрага за убиството на двајцата полицајци се уште без резултати, побарана е помош од ФБИ

Полицискиот комесар во МВР на Босна, Мевлудин Халиловиќ потврди дека истрагата за убиството на двајца полицајци извршено пред седум дена, се уште трае и поради сложеноста на случајот побарана е помош од ФБИ.

Тој додаде дека 81 лице се криминалистички обработени, а моментално се вршат одредени вештачења во Центарот за судска медицина.

Во сараевската населба Алипашино Поле – Ц фаза, во близина на трговскиот центар Бинго, минатиот петок во раните утрински часови засега непознати сторители со рафален оган пукаа во полициска патрола која ги затекнала во крадење на моторно возило.

Истрагата за тој случај се уште трае.

Треба да знаете
Последни објави