Search

Граѓаните најавуваат протести- инвеститорот продолжува со градба

Граѓаните најавуваат протести- инвеститорот продолжува со градба

Инвеститорот на спорната зграда кај Мајчин дом Фатмир Етеми продолжува со градба. Жителите пак на Аеродром кои  живеат околу Мајчин дом за вечерва најавуваат протест. Тие неможат да се помират со фактот дека со изградбата на уште една деветокатница во паркот и единственото зеленило во тој дел на градот. Етеми пак најавува изградба на нов парк.

Ова е наш придонес за општината и граѓаните. Паркот ќе биде мое оддолжување на граѓаните бидејќи компанијата е општествено одговорна. Целта ни  е да обезбедиме подобри услови за живеење во Аеродром, вели Етеми.“ 

Етеми најави продолжување на градежните активности на плацот пред „Мајчин дом“ . Неговата изјава доаѓа откако вчера Уставниот суд не поведе постапка за поднесените претставки за оценка на уставноста и законитоста на ДИП И-10. Од општина Аеродром соопштија дека се исцрпени сите механизми за да се стопира изградбата на објектот.

Во соопштението од компанијата „ЗСФ-КОМ“ чиј сопственик е Етеми се наведува дека во разговор со надлежните институции заклучено е дека нема начин да му се надомести штетата која е проценета на повеќе од осум милиони евра или да му се обезбеди заменска парцела со приближна вредност.

Од општината денес најавија дека од следната објавуваат јавен повик за членови во партиципативното тело од областа на урбанизмот, чие формирање беше најавено на вонредната седница на Советот.

Со формирањето на партиципативното тело, Општината им овозможува на граѓаните директно да учествуваат во урбанистичкото планирање. Со овој механизам гарантираме дека Мајчин дом никогаш веќе нема да се повтори. Граѓаните и правните лица отсега ќе имаат можност активно да учествуваат во процесот на планирање и изготвување плански решенија за Општината и да спречат обиди за узурпација на животната средина и носење штетни ДУП-ови од која било власт- стои во соопштението. Според нив партиципативното тело ќе се состои од девет члена и тоа еден од редот на членовите на Советот, двајца по предлог на облиците на месна самоуправа, двајца по предлог на здруженија на граѓани, двајца од здруженија на стручни лица од областа на урбанизмот и двајца од областа на општинска администрација.“

– Новото раководство на Општина Аеродром работи во интерес на граѓаните и ги следи нивните приоритети. Времето на тајно носење детални урбанистички планови и узурпирање на зелените површини во Аеродром помина. Отсега одлуките ќе ги носиме заедно, ќе овозможиме хумано живеење и подобри услови за сите граѓани на општината- велат во општината.

Против изградбата на зградата кај „Мајчин дом“ протестираа локалните жители по што општина Аеродром издаде 15-дневна времена забрана за изведување на градежните работи. Од општината претходно информираа дека ДУП И-10 со кој е опфатена оваа зграда е донесен тајно и без дебата од претходното општинско раководство предводено од ВМРО-ДПМНЕ.

Валентина Ангеловска

 

 

Треба да знаете
Последни објави