Search

(Фото) Педофил на велосипед напаѓа во Бутел

Педофил на велосипед напаѓа во Бутел

Педофил на велосипед вчера вознемирувал деца во близина на основно училиште во Бутел, дознава 24 Инфо.

Според очевидци, педофилот сред бел ден пред ОУ„Живко Брајковски“ им зборувал вулгарности на девојчињата, а некои и ги фаќал за задниците. Манијакот истото го правел и пред продавница во близина, но веднаш се оддалечувал со велосипедот. 

Тој предизвикал вистинска паника кај децата кои се пожалиле на своите родители, како и на наставниците. За случајот била информирана и полицијата.

Од МВР потврдуваат дека непознато лице вознемирувало граѓани.

„Во Полициска станица Чаир е пријавено дека на улицата Хо Ши Мин машко лице со велосипед вознемирувало граѓани. Севкторот за внатрешни работи Скопје презема мерки за пронаоѓање на лицето и расчистување на случајот“, велат од МВР.

Педофилот бил снимен на безбедносните камери на околните објекти, а од снимките може да се забележи дека станува збор за помладо лице.

 

Треба да знаете
Последни објави