Search

Судот замрзна имоти на ВМРО-ДПМНЕ – меѓу кои и седиштето на партијата

Кривичниот суд замрзна имоти на ВМРО-ДПМНЕ, меѓу кои и седиштето на партијата позната како Белата палата, соопшти специјалното јавно обвинителство.

„По барање на ова Јавно обвинителство, судија на претходна постапка на Основен суд Скопје 1 – Скопје донесе решение со кое е изречена привремена мерка за обезбедување на имот на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ. Со мерката се замрзнати вкупно 69 недвижнини, меѓу кои и објектот во кој се наоѓа седиштето на партијата“, велат од СЈО.

Со оваа мерка се забранува продавање на конкретниот имот, како и давање под закуп на истиот. Од СЈО велат дека дејствијата се преземени во рамки на предметот „Талир“, со оглед на тоа што постои веројатност истиот имот да биде отуѓен до завршување на постапката.

Треба да знаете
Последни објави