Search

Оставка и на претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ во Карпош

И претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ во Карпош, Јован Никушевски, вечерва поднесе оставка на функцијата по оставката на претседателот на УМС, Лука Кржалоски.

,,Ве известувам дека си поднесувам неотповиклива оставка од функцијата претседател на УМС ВМРО-ДПМНЕ Карпош.Прифатив да бидам на оваа функција верувајќи во идеите за просперитетна ВМРО-ДПМНЕ, прогресивна УМС и европска Македонија. Навредите, говорот на омраза, отровот што беше меѓу сите нас нè оддалечи и нè изолира од нашите стратешки цели.Останувам ВМРО-ДПМНЕ, борбата за европска Македонија нема да запре тука. Сакам да му се заблагодарам на целиот тим на УМС Карпош. Без силна младина, нема иднина! Поддршка и целосно застанувам зад Лука Кржалоски“, вели тој.

Треба да знаете
Последни објави