Search

СДСМ: Криминалите на Груевски поврзани и со други членови на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Спрегата помеѓу антизападниот Христијан Мицкоски и криминалите на неговиот ментор Никола Груевски излезе на површина, но тие се прошируваат и со други членови на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, обвини СДСМ преку соопштение.

„Јавноста дозна како конзорциоумот во кој удел има антизападниот пион Мицкоски добил согласност за користење вода и закуп на земјиште за изградба на хидроцентрали од Владата на Груевски, во 2015 година, во време кога му бил негов советник. Антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ вчера не одговори дали лицето Димитар Димовски, дел од сопствениците на „Енерготек“ компанија во која удел има и Хидро Мицкоски, е истиот Димитар Димовски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ не одговори дали е тоа истиот Димитар Димовски, државен советник во Министерството за транспорт и врски и десна рака на поранешниот министер Миле Јанакиески, кој денес е обвинет во неколку судски процеси“, се вели во соопштението.

Треба да знаете
Последни објави