Search

Продолжува судењето за крвавиот четврток

Во Кривичниот суд денеска ќе продолжи судењето за насилствата во Собранието од 27 април минатата година.

Неделава ова е трето рочиште за случајот, кој се наоѓа во доказна постапка, а денес треба да продолжи прегледувањето на видео снимки од безбедносните камери во законодавниот дом.

Ннови рочишта се закажани и за утре и задутре.

Судијката Добрила Кацарска вчера го одложи рочиштето за крвавиот четврток поради влошена здравствена состојба на обвинетиот Сашко Марковски.

По паузата, таа истакна дека медицински лица го прегледале обвинетиот по што бил известен судот дека е потребно тој да биде пренесен во болница, каде што треба да му биде направена рендген-снимка.

Треба да знаете
Последни објави