Search

Смртни закани за Митко Јанчев и неговото семејството

Смртни закани за Митко Јанчев и неговото семејството

Градоначалникот на Кавадарци и поранешен потпретседател  на ВМРО-ДПМНЕ, Митко Јанчев добивал смртни закани за неговото семејство доколку учествува на вечерашната емисија „Отворено” на Телевизија 24 и поради тоа не се појави во емисијата.

Информацијата ја потврди самиот Јанчев во телефонско јавување во емисијата .

„Последниот месец константно имам закани на Фејсбук и преку СМС пораки. Денеска закана доби мојата сопруга на телефон и тоа беше причина да не присуствувам во емисијата. Сакав да бидам со семејството во Кавадараци. Се работи за збир на околности кои се претходно пријавени во полиција”, рече Јанчев во телефонското јавување.

Тој не знае од каде доаѓаат заканите но претпоставува дека се работи за лажни ботови, но тоа вели е работа на службите да откријат, додека телефонските проеви од кои се праќани СМС пораки се пријавени во полиција.

„Пред референдумот имав ваква закана: „На Јанчев во сон му се јавил татко му и му рекол доколку излезе да гласа, за брзо време ќе се видат, а татко ми е покоен од 2005“, додаде Јанчев.

Јанчев, како што кажа, добил уверување од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, дека заканите не се од негова страна и од страна на ВМРО-ДПМНЕ.
Треба да знаете
Последни објави