Search

Интертек со донација за штитениците од Домот за деца без родители 11 октомври

Интертек со донација за штитениците од Домот за деца без родители 11 октомври

Македонската компанија Интертек, заедно со своите вработени, изминатиот месец направија неколку успешни проекти од корпоративна општествена одгворност. Имено, вработените во компанијата заедно со менаџментот одлучија да собратгардероба, и истата ја донираат за штитениците од домот за Деца без родители 11 Октомври.

Како македонска компанија која работи глобално, имаме за цел да ја развиваме корпоративната општествена одговорност преку вклучување во разни хуманитарни настани. Овој пат, заедно со нашите вработени, решивме да собереме, секој од нас, колку што може гардероба која не ја носи, или пак оној кој сака да купи гардероба, и да ја дониараме за децата од 11 октомври, со цел да придонесеме насмевки  и задоволство кај нив. Нашата цел е да бидеме хумани онаму каде што работимеи да помогнеме онаму каде што помошта е неопходна секогаш кога ќе имаме можност. “- изјави Александра Петровски,офис менаџер во Интертек.

Интертек е македонска компанија која постои од 2015 година. Работи на комплетен развој на продукти од ИТ индустријата и моментално брои 70-на вработени.

Треба да знаете
Последни објави