Search

Груевски ќе бара од Кривичен суд на 8 ноември да не оди во затворот Шутка

Груевски бара одложување на затворската казна поради незавршени обврски

Експремиерот Груевски ќе бара од Кривичен суд на 8 ноември да не оди во затворот Шутка поради обврските како пратеник, но и поради приватни причини.  Како што дознаваме неофицијално од одбраната, се повикуваат на тоа што како пратеник има обврски во Собранието периодов поврзани со процедурата за уставните измени. Приватните се поврзани со докторатот на експремиерот,кој го одбрани во јули годинава. Двете причини одбраната ги поврзува со една од осумте точки по кои законот дозволува одлагање.

-Aко осуденото лице е обврзано да изврши одредена работа што веќе ја започнало, а поради неизвршувањето на таа работа би настапила позначителна штета, вели членот 89, став 1, точка 4 од Законот за извршување санкции.

Груевски кој денеска имаше судење за предметот „Шамари во Центар“ не сакаше да коментира за упатниот акт и одлагањето.

Судија за извршување на санкции има три дена да одлучи дали ќе ги прифати причините на Груевкси, ако не тој има право на жалба.

Резервна варијанта за одлагање на казната одбраната има пред Врховниот суд. Уште минатата недела адвокатите побараа одложување на казната, додека врховните судии не одлучат дали ќе ја потврдат промената или пак укинат пресудата за „Тенк“. Од врховен велат дека кај нив се уште не пристигнало барањато кое е поднесно во кривичен а патуваат преку апелација. Одбраната во вонредното барање за преиспитување на пресудата ги навело речиси сите главни забелешки што ги истакнуваше и до сега како тоа за автентичноста на бомбите, приватноста на обвинетите, за застареност на делото за вештаците и др.

Известувањето на судијката Кацарска дека Груевски е правосилно осуден на 2 години затвор денеска пристигнало и кај претседателот на комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања Павле Богоевски, кој рече дека во законскиот рок од 15 дена ќе закаже комисиска седница. Собранието треба да одлучи дали Груевски по вакавата пресудата е недостоен за вршење на пратеничката функција што е предуслов за одземање на мандат на пратеник. Но за тоа е потребно дво третинско мнозинство.

Треба да знаете
Последни објави