Search

Крвава пресметка кај Сити Мол, му забил нож во нога и побегнал

Крвава пресметка кај Сити Мол, му забил нож во нога и побегнал

Вчера околу 18,20 часот во Скопје на булевар „Илинден“, во близина на крстосницата со улица „МАНАПО“, А.М.(20) од село Копаница, Скопје, физички го нападнал П.П.(27) од Скопје, кој управувајќи патничко моторно возило „Форд Ка“ бил застанат на коловозна лента, а откако П.П. излегол од возилото, А.М. со нож му нанел повреда во пределот на десната нога и со неговото возило „Рено Меган“ се дал во бегство.

По ова, П.П. отишол во Градската општа болница „8-ми Септември“, а по укажаната лекарска помош истиот е пуштен на домашно лекување, додека А.М. бил приведен во ПО Сарај за понатамошна постапка.

По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Треба да знаете
Последни објави