Search

Села не прифаќа амнестија за 27 април

Села не прифаќа амнестија за 27 април

Алијансата за Албанците не прифаќа амнестија – категоричен е лидерот Зијадин Села во однос на предлозите за закон за амнестија за обвинетите од 27 април, како и за иницијативата за национално помирување и обединување. Според него, со амнестијата се испраќа лоша порака, односно тоа би му дало право на секој граѓанин да влезе во Собранието и да се повторат настаните од 27 април, вели Села.

„Ако се работи за општ национален консензус, сега кога се отвора страната на евроинтеграции и зачленување на земјата во НАТО, нашиот одговор е тоа помилување да помине преку договор и помилување помеѓу сите етнички заедници кои живеат тука, во Република Македонија. Ако се работи за отворање на темата договор меѓу Албанците и Македонците за еднаш засекогаш да ги затвориме отворените прашања, по принцип на тоа што значи вистинска консензуална демократија, тогаш би било некое помилување. А помилување поединци кои треба да одговараат за злоделата во оваа сала каде што зборуваме, мислам дека Алијансата на Албанците нема да учествува во такво нешто“, рече Села.

Во однос на уставните амандмани, Села најави дека неговата партија ќе има свои предлози.

„Во целиот процес на договорот со Грција, референдумот и уставните измени ние бевме разумни и ги разбиравме нашите сограѓани Македонци околу дебатата за идентитетот и јазикот. Поради исти причини повикуваме македонските политички партии да бидат разумни и да нè разберат. Албанскиот јазик не може да се вика и да се дефинира како јазик што е различен од македонскиот јазик, туку тој е албански јазик“, порача Села.

Треба да знаете
Последни објави