Search

Груевски ќе ги користи сите правни можности за оспорување на правосилноста на пресудата

Груевски ќе ги користи сите правни можности за оспорување на правосилноста на пресудата

Поранешниот премиер Никола Груевски не сака да го коментира говорот на Зоран Заев во собранието со кој повика на помирување за настаните од 27 април.. Груевски вели дека не знае што значи таа порака..

„Има таква иницијатива од Зоран Заев, па тој нека го одговори тоа прашање“, изјави поранешниот премиер Никола Груевски.

Екс премиерот Груевски кој е осуден на две години затвор за набавка на блиндираниот мерцедес вели дека ја добил пресудата но нема покана за издржување на казната.. Смета дека изречената пресуда е политичка одлука.. Додава оти за оспорување на судската одлука ќе ги користи можностите на правната регулатива..

„Јас ќе ги искористам сите правни можности кои што се на располагање и што ќе ми ги советуваат адвокатите иако сум свесен дека делуваме и живемее во едно ненормално време, во време кога нормалното стана ненормално, а ненормалното стана нормално“, изјави Груевски.

Инаку од Кривичниот суд информираат дека согласно АКМИС системот, предметот ТЕНК во кој се осудени Груевски и помошник началникот во МВР, Поповски, ќе се распореди кај судија за извршување санкции кој треба да го изработи упатниот акт.. По доставата до осудените, тие се должни сами да се пријават за извршување на определената санкција.

Треба да знаете
Последни објави