Search

Жена пилот изведе екстремен маневар: Погледнете го спектакуларното слетување

Жена пилот изведе екстремен маневар: Погледнете го спектакуларното слетување

Велика Британија често е на удар на опасни бури, а силните ветрови им прават големи проблеми и на пилотите.

Едно драматично слетување се одигра на аеродромот во Бристол минатата недела.

Сепак, жената пилот Бренда Репсејм Васинк изведе екстремен маневар за безбедно да го приземји Боингот 757-200.

Таа користела техника на вперување на носот на авионот директно во ветрот пред да го допре асфалтот па потоа брзо се свртела кон пистата и продолжила да лизга. Во прашање е техника која пилотите ја учат пред да ја добијат првата дозвола, но која е далеку тешка за изведување при удари на силен ветер.

Авиокомпанијата ТУИ издаде соопштение во кое се наведува дека се многу горди на својата колешка Бренда.

Треба да знаете
Последни објави