Search

ВМРО-ДПМНЕ: На Македонија и престојат тешки денови

ВМРО-ДПМНЕ: На Македонија и престојат тешки денови

Македонија ги преживува најтешките моменти од осамостојувањето, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Според партискиот портпарол, Наум Стоилковски, власта ја силува демократијата, а тоа уште повеќе го поларизира општеството. Вели дека сега на виделина изглела позадината за 27 април и затворањето на пратеници и уметници.

-Уште еднаш целосно беа погазени Уставот, законите, Деловникот и демократијата. Згазени се човековите права. Згазени се основите на човечноста и достоинственоста на цел народ. Тоа не се европски, западни, цивилизациски вредности. Креиран е чин кој води кон етноцит, вели Стоилковски.

ВМРО-ДМНЕ нема да поднесе докази до Јавното обвинителство во однос на обвинувањата за закани, уцени и поткуп на пратенциите за да гласаат за уставните измени. Стоилковски не верува во правото и правдата во земјава.

-Веројатно дека е време да работи Обвинителството. Но сега е време кога е згазена демократијата, кога е згазено човечкото достоинство, кога се згазени и правото и правдата во Република Македонија, рече Стоилковски.

Според Стоилковски, сега веќе пораншените пратеници на ВМРО-ДПМНЕ не ја испочитуваа волјата на граѓаните на референдумот и ставот на партијата. Поради тоа ВМРО-ДПМНЕ не размислува за нивно враќање во партијата.

 

Треба да знаете
Последни објави