Search

Бејли со честитки за македонскиот Парламент по синоќешното гласање за уставни измени

Бејли со честитки за македонскиот Парламент по синоќешното гласање за уставни измени

По синоќешното гласање во македонскиот Парламент, каде со две третинско мнозинство беше поддржана иницијативата за почнување процес на измени на Уставот, како што налага Договорот од Преспа, со реакција се огласи и американскиот амбасадор Џес Бејли.

„Честитки за македонскиот Парламент за гласањето за иницирање уставни измени, согласно Преспанскиот договор. Пратениците од сите партии покажаа храброст и лидерство со тоа што се здружија за да помогнат да се обезбеди место на Македонија на Западот, во НАТО и во ЕУ “, напиша на Фејсбук американскиот амбасадор во Македонија Џес Бејли.

Треба да знаете
Последни објави