Search

Кога почнуваме да стануваме незадоволни од својот изглед?

Повеќето тинејџери не се задоволни од својот изглед. Во периодот на пубертет си наоѓаме маани на лицето и телото, а овие несигурности често продолжуваат да нѐ следат и понатаму во животот.

Едно најново истражување на Универзитет во Мелбурн дојде до поразителен заклучок дека децата може да развијат лоша слика за сопствениот изглед уште на возраст од осум до девет години.

Истражувањето се темели на податоци собрани од 1.100 девојчиња и момчиња на оваа возраст. Нивната задоволност од сопствениот изглед била мерена според детската скала за пореметување во исхраната. Оваа алатка се состои од осум силуети на детски тела што варираат од неисхрането до прекумерно дебело.

Децата требало да се идентификуваат со некоја од силуетите и да одредат која од нив претставува идеален облик на телото.

Податоците покажале дека девојчињата почесто се незадоволни од сопственото тело, додека некои од момчињата почувствувале слично незадоволство.

„Заклучивме дека децата и пред пубертетот не се задоволни од сопствениот изглед, а тоа го поврзуваме со хормоните што се менуваат пред влегувањето во пубертет“, вели докторка, авторка на истражувањето.

Таа ги советува родителите почесто да им кажуваат на децата дека се прекрасни такви какви што се и да борат заедно со нив против општествените притисоци и влијанија за „нормите“ за убавина.

Треба да знаете
Последни објави