Search

Меланија проговори за аферите на Доналд Трамп:Не е пријатно да се слушне тоа, вистината

Првата дама на САД, Меланија Трамп, изјави дека не се занимава со шпекулациите за наводните неверства на нејзиниот сопруг Доналд Трамп.

 Запрашана за можните вонбрачни авантури на Доналд, првата дама на САД изјави дека „тоа не е предмет за загриженост“ за неа.

„Јас сум мајка и прва дама, имам многу поважни теми за кои што размислувам“, изјави Меланија Трамп.

Дискретната сопруга на темпераментниот милијардер досега не се огласуваше за наводната врска на Доналд Трамп со порно актерката Стефани Клифорд: „Медиумите ги сакаат шпекулациите. Не е секогаш пријатно да се слушне тоа, но знам што е точно, а што не“.

На прашањето дали смета дека таа и Доналд имаат добар брак и го сака својот сопруг, првата дама на САД одговори: „Да, ние сме добро. Тоа се медиумски шпекулации и трачеви. Не ја говорат секогаш вистината. Јас сум многу силна, знам кои се моите приоритети“.

Првата дама која што и натаму се држи понастрана од политичката сцена, даде интервју за американската телевизиска мрежа на крајот од својата африканска турнеја во која што ги посети Гана, Малави, Кенија и Египет.

Треба да знаете
Последни објави