Search

Лажна вест дека Димитров поднел оставка

Лажна вест дека Димитров поднел оставка

Министерот за надворешни работи Никола Димитров поднел оставка на функцијата.

Оваа вест се рашири по дел од медиумите а нејзината веродостојност веројатно се црпела од фактот што Димитров денеска ,иако најавен дека заедно со уште двајца колеги од Владата ќе одржи прес конференција, сепак не се појави на истата. Но попладнево од МНР ја демантираат веста за наводната оставка.

Министерството за надворешни работи најостро ги осудува малициозните обиди за ширење лажни вести и децидно ја демантира дезинформацијата дека министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров, дал оставка.

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, како и досега, така и понатаму, ќе продолжи посветено да работи на европската и евроатлантската иднина на земјата, со цврста верба во решителноста и јасно изразената мнозинска волја на вчерашниот референдум.

Во овие клучни времиња за Република Македонија, најмногу од се’ е потребна мудрост, разум и храброст за преземање одлучни чекори за конечно обезбедување иднина за нашите граѓани.

Повикуваме на одговорност за овој груб фалсификат, кој и покрај аматерскиот и крајно очајнички обид за лажно продуцирање на официјален акт на министер во Владата на Република Македонија, прави голема штета со тенденциозното пласирање на една огромна невистина, се наведува во демантот на МНР.

Треба да знаете
Последни објави