Search

Кривична за лице кое му се заканувало на Премиерот Заев

Кривична за лице кое му се заканувало на Премиерот Заев

33-годишен жител на село Мокрино, струмичко заработи кривична пријава откако на Фејсбук со употреба на корисничко име „Andon Koseto“, упатил закани кон премиерот Зоран Заев и неговото семејство.

„Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика поднесе кривична пријава против Д.П.(33) од село Мокрино-струмичко поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело “загрозување на сигурноста“. Пријавениот со употреба на корисничко име „Andon Koseto“ на социјалната мрежа Фејсбук споделил објава со чија содржина упатил закана кон премиерот на Р.Македонија и неговото семејство“, соопштува МВР.

Треба да знаете
Последни објави