Search

Инцидент пред гласачко место во Ново Лисиче – хулигани нападнале жена што гласала

Инцидент пред гласачко место во Ново Лисиче – хулигани нападнале жена што гласала

Инцидент на стартот на гласањето пред Основното училиште „Лазо Ангеловски“ во скопската населба Ново Лисиче.

Група од млади малтретирале жена која дошла да гласа на референдумот на гласачко место во училиштето, по што интервенирале полицајци кои биле распределени на ова гласачко место. Напаѓачите се спротиставиле и судриле со полицијата, по што дошло засилување и лицата биле приведени и однесени во полициска станица, велат очевидци за Либертас.

Лица од групата извикувале „Смрт за ш…..и“.

По инцидентот, пред училиштето има засилено присуство на полиција, а гласањето тече непрекинато.

Се очекува официјална информација од МВР за инцидентот.

Треба да знаете
Последни објави