Два големи пожари вечерва горат во Скопје, едниот е во близина на селото Ајватовци, додека другиот е во Ѓорче Петров.

Во селото Ајватовци гори сува трева и лозја, а благодарение на ветерот пожарот се шири со голема брзина.

Во моментов се презема се за да не се прошири пожарот околу индустриската зона Бунарџик и селото.

Во исто време гори и фабрика за пластични маси и дрвен мебел во Ѓорче Петров каде пожарот е ставен под контрола.