Search

Хакерски напад на 50 милиони профили на Фејсбук

Хакерски напад на 50 милиони профили на Фејсбук

Фејсбук објави дека заради пробивање на заштитата се загрозени податоците на дури 50 милиони корисници на оваа социјална мрежа.
Компанијата појасни дека напаѓачите успеале да ја искористат ранливоста во карактерите што им овозможува на корисниците својот профил да го видат на начин на кој тој им се прикажува на сите останати корисници.
Програмерите на фејсбук пропустот го откриле на 25 септември и го „закрпиле“ пропустот и за сѐ ја информирале полицијата.
Утрово околу 90 милиони корисници на Фејсбук морале да се одјават и повторно да се пријават на својот профил, што е вообичаена безбедносна процедура при вакви ситуации.
Треба да знаете
Последни објави