Search

Стапчиња со путер и сирење

Состојки:

20гр свеж кавасец
500гр брашно
250мл млеко
50мл масло
1 лажиче сол
1/2 лажиче шеќер
фил за премачкување
200-250гр дробено сирење
70гр путер, растопен
За премачкување -1 јаце , семки од сусам, лен…

Подготовка:

Во топлото млеко го ставаме квасецот, шеќерот и малку брашно да се активира. Потоа во садот ги додаваме солта, маслото и постепено од брашното. Замесуваме мазно не лепливо тесто.
Го покриваме нека одмори 15 минути.

Потоа од цело тесто сучиме голема правоаголна кора. Во еден сад го растопуваме путерот на оган и го додаваме дробеното сирење. Со овој фил, со половина количина ја премачкуваме кората.

Повторно сипувамe пола од остатокот и ја премачкуваме со филот. Преклопуваме уште еднаш. Сега повторно сучиме голема танка, правоаголна кора, од која сечиме танки ленти, долги по 10 цм, а широки по 1-1,5 цм. Со раце виткаме како спирали и ги редиме во плех.

Одозгора ги премачкуваме со изматено јајце и наросуваме семки по сопствен вкус.
Печеме околу 15 минути во загреана рерна.

Треба да знаете
Последни објави