Search

Обвинители ќе дежураат дополнително за денот на референдумот

Обвинителот, Џељал Бајрами на денешната прес-конференција за новинарите рече дека на денот на референдумот дополнително ќе дежураат обвинители.

На 30-ти септември Бајрами посочи дека покрај дежурствата на обвинителите, цело време ќе функционира и привремената комисија за следење на евентуални нерегуларности поврзани со референдумот.

Бајрами рече дека досега е поднесена само 1 кривична пријава за референдумот која била препратена до Обвинителството во Куманово.

На прашање дали има информации во врска со предистражната постапка за Јанко Бачев дека пренесувал обвинети за крвавиот четврток во Србија, а е дел од штабот за бојкотирање, Бајрами упати да се обратиме до Службата за односи со јавноста.

Треба да знаете
Последни објави