Search

Каде најмногу боли тетовирањето?

Како трајна модификација на телото, тетоважата не може да се направи безболно бидејќи ќе почувствувате илјадници убоди од механизирана игла која ви вметнува мастило под кожа.

Иако прагот на толеранција на болка се разликува од човек до човек, факт е дека тетовирањето не е баш пријатно искуство. Но, некои тетоважи болат повеќе од „просекот”, во зависнот на кое место се нанесуваат.

Што велат мајсторите, каде највеќе боли тетовирањето?

Колку ќе биде болно тетовирањето, зависи од неколку фактори, како на пример како сте расположени тој ден, дали неодамна сте имале грип, дали сте депресивни, каков стил на тетовирање сте одбрале бидејќи различни техники бараат различни степени на притисок на кожата, но зависи и од мајсторот за тетовирање, како и од местото на телото кое го тетовирате

Генерално, тетовирањето во пределот на ребрата, лактите и стапалата, како и внатрешната страна на рацете, боли најмногу. Кери вели дека неа највеќе ја болело тетовирањето на чашката на коленото и во подрачјето на градната коска.

Наводно, во ублажувањето на болките за време на тетовирањето, помага пиењето вода или да се обидете да водите разговор со личноста која ве тетовира.

За убавина, мора да се трпи. Стегнете заби и чекајте да биде готова.

Треба да знаете
Последни објави