Search

Во комбе пронајдени 33 мигранти од Пакистан, приведени две лица

Во товарно возило во близина на Демир Капија полициски службеници пронашле 33 лица илегални мигранти од Пакистан. Во возилото немало возач.

„Во 03.15 часот на околу 400 метри од возилото, на стариот пат Скопје – Гевгелија, полициските службеници забележале две лица за кои постои сомнение дека го управувале возилото. Тие биле приведени во Полициската станица Неготино. Се работи за лицата Б.С.(36) и Г.Т.(36), двајцата од Велес“ соопшти МВР.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави