Search

Приказна на таксистот за градоначалникот на Карпош

Приказна на таксист за градоначалникот на Карпош

Таксистот

Се возам вчера во такси од Карпош 4 до Капиштец. Таксистот ме препознава и веднаш започнува разговор.
Господине Спасов-вели-. Знаете ли што ми се случи деновиве? Што?- го прашувам заинтересирано и очекувам некоја непријатна работа.
“Во моето такси-вели тој пред некој ден се качи она младото момче што е градоначалник на општината Карпош”
Стефан Богоев – го потсетувам.
“Да- вели тој.Го возам и тој ме прашува дали има нешто што ми пречи во општината Карпош? Му велам: Градоначалниче. Гледате броеви на зградите по улицата Партизанска?
Гледа градоначалникот и вели. Еј. Вистина нема.
Е тоа ми пречи му реков- ми објаснува таксистот.
И знаете што се случи?
Поминувам по улицата Партизанска само неколку дена по тој случаен разговор и гледам броеви ставени на секоја зграда и од левата и од десната страна.
Уште не можам да поверувам дека ова се случува кај нас-вели тој и констатира.
“Камо среќа да имаме градоначалници низ цело Скопје како овој во Карпош”
Некако ми дојде мило да слушнам дека и убави работи се случуваат и има луѓе што знаат да ги забележат и да ги кажат.

https://www.facebook.com/1551784370/posts/10216850452684238/

 

Треба да знаете
Последни објави